Продукти

reklama

Задолжителни осигурувања на моторни возила

Осигурувањето на моторни возила се дели на две - доброволно и задолжително. Задолжителното е пропишано согласно со законот за осигурување и ја покрива одговорноста кон трети лица и имот, додека пак доброволното се однесува на заштита на Вашето возило од евентуални несреќни случаи како и дополнителна економска заштита на возачот и патниците во возилото од исти.Задолжителни осигурувања се следниве:

Осигурување од автоодговорност

Без ова осигурување не еможно да се изврши регистрација на Вашето моторно возило.Со ова осигурување ја осигурувате вашата одговорност за надомест на материјални и нематеријални штети предизвикани од трети лица причинети со употреба на Вашето возило

Зелен Картон

При патување надвор од државата со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен Картон што всушност е територијално проширување на осигурувањето од автоодговорноство сите земји од европа членки на системот Зелен Картон.

Гранично Осигурување

Гранично осигурување е задолжително за сите странски моторни возила кои не поседуваат задолжително осигурување од автоодговорност кое е важечко за целата територија на Република Македонија.