Продукти

reklama

Потполно Каско Осигурување

Каско осигурувањето претставуван осигурување на возила коеовозможува покривање на штетите на сопственото возило независно од причината и виновникот. Ако е склучено осигурување со враншиза постои ножност за откуп на франшизакај осигурување на стакла на возилото.Ова значи дека настанатата штета ќе биде исплатена во целост.

Со потполно каско осигурување се добива комплетна финансиска сигурност при користење на возилото, со оглед дека ги опфаќа следниве осигурени ризици: сообраќајна незгода, паѓање на предмет врз возилото или удар од некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко дејство или експлозија, бура, град, снежна лавина, порој и високи води, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, злонамерни дејства од трети лица, кражби, противправно одземање на возилото и разбојништво.Освен возилото со Каско може да се осигура и дополнителната опрема во возилото како што е клима уред, радио, прибор, резервни делови, рекламни натписи и сл.