Продукти

reklama

Осигурување на објект

Со овој вид на осигурување можат да бидат опфатени :

  • градежни објекти во градба
  • градежен, занаетчиски, инсталационен материјал и целата опрема која е наменета за вградување
  • градежна опрема и помошни објекти кои служат за изградба на градежен објект
  • монтажа на метални конструкции, машинска и електро опрема и сл.

Осигурени од основни ризици како што се : пожар и удар од гром, експлозија, бура, град, манифестација и демонстации,градежма незгода, неспретност, невнимание или лоша намера на работникот или на некое друго лице.

Дополнително може да се вклучат и следниве ризици: земјотрес, поплаваи порој, висока вода , подземна вода, одрон на земјиште, одговорност од дејност на изведувач на градежни работи кон трети лица и нивниот имот, осигурување на градежни работи во гарантен рок, провална кражба.